Свет
14. April 2026 - 9:44

Кинески танкер под американски санкции помина низ Ормуската Теснина од пристаниште во ОАЕ

Кинескиот танкер „Рич Стари“, кој е под санкции на Соединетите Американски Држави, помина низ Ормуската Теснина откако отпловил од пристаниште во Обединетите Арапски Емирати, и покрај американската блокада, покажуваат податоците за поморски сообраќај на веб-страницата „Марин Трафик“. Податоците покажуваат дека танкерот со кинески екипаж бил натоварен во пристаништето Хамрија, во Обединетите Арапски Емирати.

„Рич Стари“ е првиот танкер што поминал низ Ормуската Теснина и го напуштил Персискиот Залив од 16:00 часот по средноевропско време вчера, кога стапи во сила американската блокада на сообраќајот од иранските пристаништа.

Танкерот и неговиот сопственик, компанијата „Шангај Сјуанрун Шипинг“ се под американски санкции поради тоа што работат со Иран.

 

МИА