Кевин Дурант стана најплатениот играч

Кевин Дурант и натаму е во центарот на вниманието. Тој во својата 37.ма година од животот го продолжи договорот со Хјустон до 2028 година. Тој направи трансфер од Феникс, а новиот договор е со вредност од 90 милиони долари.
За продолжувањето на договорот имаше опција за договор до 122 милиони, но се реши за 30 милиони помалку за да може да му овозможи на тимот флексибилност за создавање на конкурентен ростер, поради финансиските ограничувања.
Неговата вкупна заработка изнесува 598,2 милиони долари, со што пред Леброн Џејмс со 583,9 милиони долари.
Дурант има одиграно 1.123 натпревари, а шест пати е избрано во Ол стар петорката на НБА лигата. Во кариерата има настапувано за Сиетл, Оклахома Сити, Оклахома, Голден Стејт, Бруклин и Феникс. Неговиот просек на поени во кариерата е: 27,2 по натпревар.
МИА
Ново на Сител
-

Дигитален регистер на загадувачи за почисто Скопје
-

Многу малку сестри во одделите за интензивна нега
-

Деменцијата зема замав - недостигаат институции
-

Трибина за органодонорство во Кавадарци - еден донор може да спаси 8 животи!
-

Започнува конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот на црквата во село Мокрино, општина Ново Село
-

Меѓународна конференција за зајакнување на улогата на жените во процесите на донесување одлуки
-

Преглед на вестите од светот
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
