Кејт Мидлтон го откажа своето присуство на коњичките трки „Ројал Аскот“

Општествено-спортскиот настан „Ројал Аскот“ (Royal Ascot) со десетлетија е омилено собиралиште на британската кралска аристократија, а годинава беше најавено и доаѓањето на принцезата од Велс, Кетрин – Кејт Мидлтон. Сепак, нејзиното појавување во свечена кочија на почетокот на петдневните коњички трки беше откажано во последен миг, што предизвика загриженост кај јавноста, пишува „Бизнис инсајдер“ (Business Insider).
Настанот почна завчера – на 17 јуни, и ќе трае до сабота, 21 јуни.
Иако официјално не е потврдено зошто Кејт Мидлтон се повлече од настанот, гласините говорат дека причината лежи во нејзиното здравје. По една година откако заврши со превентивната хемотерапија, откако ѝ беше дијагностициран рак, британските медиуми јавуваат дека принцезата моментно е сосредоточена на одморот и закрепнувањето.
Според дописничката на кралското семејство, Даниел Стејси, принцезата Кејт изразила жалење што нема да може да присуствува на трките во Аскот оваа година, каде што требаше да биде придружувана од нејзиниот сопруг принцот Вилијам, кралот Чарлс и кралицата Камила. Принцезата првично требаше да учествува во традиционалната поворка со кочии заедно со принцот Вилијам. Бакингемската палата потврди дека тоа нема да се случи.
И покрај нејзиното отсуство, на „Ројал Аскот“ се присутни мајката на Кејт – Керол Мидлтон и Ализе Тевенет – сопруга на нејзиниот брат Џејмс Мидлтон. Принцезата претходно се појави на два други значајни настани – прославите на Денот на жартиерата во Виндзор и воената парада „Поздрав кон бојата“ (Trooping the Colour) по повод официјалниот роденден на кралот Чарлс.
Ново на Сител
-

Подготвени измените на законот за нефер трговија
-

85-годишна жена го загуби животот во пожар во семејна куќа во Пинтија
-

Се воведуваат нови мерки и поддршка за граѓаните да се откажат од цигарите
-

Министерката Јаневска на увид на градежните работи во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје
-

Варирањето на нивото на Охрдиското Езеро остава последици врз растителниот и животинскиот свет
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
