Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија

Педесет и шестгодишен жител на Кавадарци го загуби животот во тешка несреќа што вчера околу 13 часот се случила во близина на селото Мрежичко. Според информациите од полицијата, несреќата се случила при истовар на земја од товарно возило „Ман“ со кавадаречки регистарски таблички, кое го управувал загинатиот.
Од засега неутврдени причини, камионот се превртел и паднал во провалија. Возачот се здобил со тешки повреди и починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Кавадарци.
Во извлекувањето на телото и возилото учествувале припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Територијалната противпожарна единица Кавадарци и полициски службеници од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци, а причините за трагедијата се предмет на истрага.
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
