Loading Video...
Фудбал
24. јуни 2021 - 10:00
Касемиро му донесе победа на Бразил во 10-тата минута од судиското продолжение
Континенталното фудбалско првенство актуелно е и во Јужна Америка каде се комплетира третата рунда во групата Б.
Дуелот меѓу Бразил и Колумбија го оправда епитетот „дерби“.
Фудбалерот на Портол Луис Дијаз тоа го најави со голот во 10-татат минута со кој Колумбија поведе со 1-0.
Иако „кариоките“ уште од тој момент со сите сили се обидуваа да стигнат до израмнување, тоа им успеа дури во 78-минута, кога на востинското место се најде напаѓачот на Ливерпул, Фирмињо.
Натпреварот беше продолжен дури десет минтути, а тоа го искористи играчот на мадродски Реал, Касемиро кој по корнерот што го изведе Нејмар, успеја да го совлада колумбискиот голман Оспина и да му донесе победа на Бразил со 2-1.
Во вториот натпревар од оваа група Еквадор и Перу одиграа без победник 2-2.
Иако селекцијата на Еквадор првиот дел го заврши со предност од два гола, спак за неполни десет минути во вториот, Перуанците со головите на лападула (49) и Кариљо (54) успеаја да го израмнат резултатот.
Селекцијата на Бразил е лидер на табелата со максимални 9 бодови. Колумбијците кои се единствените кои досега одиграа четири натпревари останаа на второто место со 4 бодови колку што има и Перу, додека Еквадор и Венецуела се на последите две позиции со по два бода.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
