-->
-->
Капитенот Кузмановски донесе реми во последните секунди на натпреварот Македонија-Австрија
-->

Првиот натпревар од втората фаза на Светското ракометно првенство Македонија го заврши со изедначен резултат.
Избраниците на Лазаров одиграа динамичен и возбудлив натпревар против Австриската репрезентација, во значително различна атмосфера од претходните натпревари - помал број на поддржувачи на трибините во Арената Вараждин.
Иако на полувремето и во последните моменти пред крајот на натпреварот бевме во негатива за еден гол, капитенот Кузмановски кој две минути пред крајот не реализираше пенал, успеа да донесе реми со звукот на сирената.
Следен противник на Македонската репрезентација е Катар, а мечот ќе се одигра за два дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Иран: Ормутскиот теснец е под наша контрола, бродовите мора да плаќаат такса
-

Прилепската болница за прв пат доби апарат за оптичка кохерентна томографија
-

Во Штип отворен центар за менаџирање на дебелината
-

До крајот на годината Сејф сити и во Струмица
-

Тема на денот со Александар Митов, доктор
-

Православните христијани во исчекување на Христовото Воскресение
-

Иницијатива за геопарк „Лесново“ под покровителство на УНЕСКО
