Loading Video...
Фудбал
24. August 2021 - 14:17

Канатларовски го објави списокот за првите натпевари во новиот квалификациски циклус за ЕП 2023

Младата македонската репрезентација за фудбалри до 21 година на почетокот на септември го започнува новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија. 
 
Новиот предводник Драги Канатларовски го објави и поширокиот список за првите два натпревари, на кој се и двајцата Македонци кои играат во далечната Австралија. Метју Божиновски од Мелбурн Виктори кој веќе одигра еден натпревар за младата селекција, а сега доаѓа и Стефан Чолаковски кој е член на Мелбурн Сити.
 
СПИСОК
Голмани: Давид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Академија Пандев), Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П. 1932);
 
Одбрана: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи), Мартин Величковиќ Радуловиќ (Пелистер), Метју Божиновски (Мелбурн Виктори, Австралија), Марио Младеновски (Ботев Пловдив, Бугарија), Бесник Ферати (Академија Пандев), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Јован Манев (Брегалница);
 
Средина: Агон Елези (Вараждин, Хрватска), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Али Адем (Шкупи), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Лука Станковски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Димитар Тодоровски (Работнички), Методи Максимов (Работнички), Емир Скендери (Струга Трим Љум), Лука Трајковски (Борец);
 
Напад: Стефан Чолаковски (Мелбурн Сити, Австралија), Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија);
 
Нашата селекција првите два натпревари ќе ги одигра против Франција во Ле Ман на 2 септември (18:30 часот) и против Србија на 7 септември (18 часот) во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“, а првиот соби младите фудбалери ќе го имаат на 29  август (недела) на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
 
Покрај овие две селекции, протиници на нашите младинци во осмата квалификациска група ќе бидат и нивните врсници од Украина, Ерменија и Фарските Острови.