Канадска пивара продава пакување од 1.461 лименка за да се „преживее мандатот на Трамп“

Канадска пиварница им нуди на Канаѓаните „претседателско пакување“ пиво за оние кои сакаат да го преживеат целиот претседателски мандат на американскиот претседател Доналд Трамп со едно пиво дневно, јави Си-Ен-Ен.
Јужниот сосед на Канада се заканува со царини, анексија, па најстарата канадска пиварница заклучи дека на Канаѓаните можеби ќе им треба пиво дневно за да преживеат во следните четири години.
Пивара Moosehead, основана во 1867 година, објави огромна кутија со 1.461 лименка, што, под претпоставка - ако се пие по едно пиво дневно, е „доволно да го издржи целиот претседателски мандат“ на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Ако почетокот на 2025 година не научи нешто, тоа е дека ќе биде потребна решителност да ја пребродиме четиригодишната политичка несигурност - и има подобар начин да се помине секој ден отколку со вистинско канадско пиво“, рече Карен Григ, маркетинг директор на Moosehead од Њу Бранзвик.
„Претседателскиот пакет“ се продава само на веб-страницата Moosehead.
Достапно е за жителите кои живеат во канадските провинции Онтарио, Њу Бранзвик и Нова Шкотска за околу 3.500 канадски долари, вклучувајќи го и превозот.
Moosehead Brewery е основана истата година како и Канада, и двете „преживеале многу“ во изминатите 158 години.
„Иако не можеме да предвидиме како ќе се одвиваат следните четири години, имаме чувство дека овој голем пакет ќе ни се најде“, додаде Григ.
Околу 20% од пивото од таа пивара се продава во САД.
Ново на Сител
-

Зеленски: Ситуацијата во Иран не ѝ дозволи на Русија да има корист од конфликтот
-

Поради зафати, делови од општина Центар утре без струја и вода
-

Владата донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците
-

Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран
-

30-годишна жена физички нападната од поранешната свекрва во струшката чаршија
-

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова
-

Група малолетници со балон полн со вода погодиле мотоциклист, кој потоа застанал и физички ги нападнал
-

Тројца актуелни или поранешни директори на ЈЗУ вратиле по 500 илјади денари што ги земале врз основа на неправилна пресметка на плата
