Како претпописните ветувања станаа лажни ветувања
За новите бројки внесени во баласерот владејачката партија ги обвинува ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Од СДСМ тврдат дека процентот на Албанци кои треба да се вработат во јавниот сектор е зголемен поради бојкотот на пописот. Сепак од партијата нема објаснување каква е поврзаноста на бојкотот со бројките кои ги внесе Министерството за информатичко општество и администрација со поддршка од владата.
Првиот човек на Државниот завод за статистика останува на ставот дека политиките за вработување во јавниот сектор мора да се креираат врз основа на резидентното население, внесувањето на дијаспората е против сите европски практики и прописи, но Симовски вели одлуките ги носи Владата.
Оттаму денеска побаравме, но не добивме одговор дали по сите укажувања и негативни реакции Владата ќе го промени овој начин на креирање политики за вработување.
Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска бараат укинување на оваа алатка и професионализација на администрацијата
Системот на балансер треба веднаш да се напушти, вработувањата во администрацијата треба да биде со стручни и високообразовни луѓе. Напредокот и вработувањата треба да биде базарина на знаење, квалитет и стручност, а не на припадност на етнича заедница. Треба да имаме граѓански пристап при вработување во администацијата, тоа значи секој квалитетен кадар, и со вештини и знаење треба да бидат вработени во јавната администрација, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Ставот на опозицијата е на иста линија со експертската јавност, бизнис заедницата, па дури и антикорупциската комисија од каде велат дека балансерот станува извор на корупција во државата, а многу често граѓаните ја менуваат етничката припадност за полесно да се вработат во администрацијата.
Според измените во балансерот кои ги направи Министерството за информатичко општество и администарција, секој трет вработен во државните институции следната година треба да биде Албанец.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
