Македонија
17. July 2026 - 14:04

Кај кавадарчанец пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони

Кај кавадарчанец биле пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони и затворач од ловен карабин, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Вчера во домот на К.С., 38-годишен кавадарчанец, од страна на полициски службеници од ОВР - Кавадарци биле пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони и затворач од ловен карабин, што ги поседувал без дозвола. Со К.С. е извршен службен разговор, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава - појаснија од СВР - Велес.

 

МИА