Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз

Министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, Чо Хјун, денеска телефонски разговараше со иранскиот колега Абас Арагчи и повика на обнова на безбедната комерцијална бродска пловидба низ Ормуската Теснина, соопшти јужнокорејското министерство за надворешни работи.
За време на разговорот, Чо истакнал дека бродови на Јужна Кореја и на други земји се закотвени на клучниот пловен пат кај Ормуската Теснина, нагласувајќи ја потребата да се обезбеди обновување на безбедната пловидба, пренесува агенцијата Јонхап. Чо изрази надеж за брзо обновување на мирот и стабилноста, наведувајќи го поширокото влијание на конфликтот врз глобалната безбедност и економија, додека Арагчи го изложи ставот на Иран за преговорите со САД.
Денешниот разговор на двајцата министри беше трет од почетокот на американско-израелскиот напад врз Иран кон крајот на февруари, откако вкупно 26 јужнокорејски бродови со повеќе од 170 членови на екипажот мораа да ја прекинат пловидбата и да се закотват во водите на Ормуската Теснина.
Американскиот претседател Доналд Трамп го продолжи рокот за прекин на огнот на почетокот на април, повикувајќи го Иран да претстави единствен мировен предлог, додека истовремено го засилуваше притисокот врз Техеран преку поморски блокади и економски санкции. Трамп вчера рече дека не е задоволен од последниот ирански предлог, а преговорите остануваат во застој откако нивната прва директна рунда разговори во Пакистан минатиот месец заврши без договор.
МИА
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
-

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми темел на секое демократско општество
