Loading Video...
Фудбал
25. April 2021 - 17:48

Јувентус се подалеку од Интер во трката за „Скудетото“

Јувентус е се подалеку од Интер во трката за Скудетото во италијанската Серија. 
 
Популарната „Стара дама“ денеска одигра нерешено 1-1 на гостувањето кај Фиорентина, додека Интер со голот на ДиАмбросио во 79-минута ја победи Верона. 
 
Сега Интер има 79 бодови дури 13 повеќе од Милан и Јувентус, додека Аталанта која вечерва игра против Болоња заостанува 14 бода за лидерот на табелата.