Loading Video...
Фудбал
24. May 2021 - 1:41

Јувентус го искористи киксот на Наполи се обезбеди место во Лигата на шампионите

Со убедливата победа над Болоња на гостински терен како и нерешениот исход на Наполи против Верона, екипата на Јувентус заврши како четврто рангирана во Серија А и со тоа „старата дама“ обезбеди место во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона додека Наполи ќе игра во Лигата на Европа. 
 
Јувентус славеше победа кај Болоња со 4:1, но Наполи иако имаше водство против тимот на Верона сепак на крајот одигра само нерешено 1:1, па со изгубедните два бода „наполитанците“ на крајот заврија на петата позиција со еден бод помалку од Јуве. 
 
Така, покрај новиот првак Интер место во Лигата на шампионите обезбедија Милан, Аталанта и Јувентус, додека друштво на Наполи во Лига Европа ќе му прави Лацио, додека Рома ќе игра во новоформираната УЕФА Конферециска лига. 
 
Серија А ја напуштаат, Бенвенуто, Кротоне и Парма