Јапонија: Осум мацутаке печурки продадени за 5.000 евра

Во градот Тамбасасајама, во западна Јапонија, осум печурки од видот мацутаке, одгледувани токму во тоа подрачје, беа продадени за 850.000 јени (околу 4.800 евра) на наддавање по првата берба оваа есен, објави денеска „Мајничи шимбун“.
Според гласилото, печурките имале должина од 6,5 – 11 сантиметри и тежина од вкупно 263,5 грама, што ги прави најтешките од првите сезонски печурки откако пазарот отворен 2018 година. Иако печурките мацутаке обично се продаваат за 100.000 до 150.000 јени (560 – 850 евра) по килограм, вредноста на свежо набраните печурки брзо се зголеми на аукцијата. Главниот готвач на ресторанот на хотелот „Танбасасајама кинмата“, Норицугу Јошимура (39), кој успешно наддаваше за печурките, рече дека е среќен што ги купил.
– Хотелот служи мацутаке печурки од целата земја. Но, овие произведени во овој град имаат добра арома и богат вкус. Ми олесна што победив на наддавањето, бидејќи некои од нашите гости со нетрпение очекуваат да ги пробаат, рече готвачот.
Тој има намера да им послужи печено мацутаке на гостите што ќе преноќат во хотелот.
Ново на Сител
-

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Во фокус европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка
-

Утре дожд и постудено
-

Донесено решение за формирање на Комисија за селекција на кандидати за член на Судскиот совет
-

Мислел дека нашол обично маче и си го однел дома, а всушност открил нов вид дива мачка по повеќе од 100 години
-

Трагичен крај: По три недели почина 13-годишникот избоден во срце со нож во Бутел
-

Милатовиќ пред ОН: До 2028 година Црна Гора меѓу членките на ЕУ
-

Холандија повторно се враќа на Евровизија од идната година
-

70 случаи на западнонилска треска во државата, 65 потврдени
