Јаник Синер ја одбрани титулата на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер е годинашниов шампион на Вимблдон откако во финалето во четири сета со 3-1 (6:7(7); 7:6(2); 6:3 и 6:4) го совлада Александер Зверев. Финалето траеше 3 часа и 46 минути, а Синер ја одбрани титулата освоена минатата година.
Во првите два сета двајцата тенисери имаа контрола над гемот кога сервираа и првиот сет во тајбрејкот го освои германскиот тенисер Зверев, а вториот му припадна на италијанскиот тенисер Синер. Во првите два сета имаше само една брејк-топка, која Синер не ја искористи.
Синер во третиот сет по речиси три часа игра го направи првиот брејк во мечот откако во осмиот гем поведе со 5:3 во гемови, а во претходниот гем брејк-топка не искористи Зверев. Во четвртиот сет во седмиот гем Зверев спаси две брејк топки, но не успеа третата и Синер поведе со 4:3 што беше доволно за освојување на сетот и мечот.
Ова за Синер е петта Гренд слем титула во кариерата, а втора на Вимблдон.
МИА
Ново на Сител
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
