Ја однел сопругата во шума, ја врзал за дрво и ја тепал со тврд предмет, уапсен 27-годишен скопјанец

Дваесет и седумгодишен скопјанец е приведен откако неговата сопруга го пријавила дека физички ја нападнал во семејниот дом, а потоа ја однел во шумски предел, каде што ја врзал за дрво и повторно ја нападнал.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 1 септември во 20:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Ф.Д.(27) од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 21-годишна сопруга. Таа пријавила дека најпрво физички ја нападнал во нивниот семеен дом, по што ја однел во шумски предел во скопско.
Според пријавата, таму 27-годишникот ја врзал за дрво и ја нападнал со тврд предмет.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Нов претседател на ЛКМ кон крајот на октомври
-

Берлин и Москва во нов судир
-

Пратениците се вратија од одмор
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на иста линија со Кина
-

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата
-

Насилството зема замав – неопходно е работа со младите
-

Лозарите во неизвесност, вранецот без сигурен пласман
-

Привршува проценката на штети во Струмица
