Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје

Турнирот организациски помина одлично баш како големите светски турнири. Со тоа покажавме дека Македонија може и има капацитет и квалитетни борци и им овозможи на гледачите и на поддржуваците да уживаат во кик боксот. Сите присутни на ВАКО ПРО АФН 9 настанот во СЦ Јане Сандански во Скопје, беа одушевени од целокупната организација и останаа до последната минута на овој 3,5 часовен кикбокс спектакл. Секако сето тоа немаше да биде реализирано без помагачите и спонзорите на настанот до кој сакам да упатам огромна благодарност.

Исто така благодарност на градоначалниците на Град Скопје Данела Арсовска, на општина Аеродром Тимчо Муцунски, општина Гази Баба Бобан Стефковски и општина Бутел Дарко Костовски кој од секогаш ги помагале нашите клубови во својте општини кој клубови ги издигале натпреварувачи кој натпреварувачи како наши репрезентативци подоцна носеле резултати за нашата земја Македонија на меѓународните настапувања.



Ќе се потрудам Македонија почесто да биде домаќин на вакви настани и нашата публика да дознае повеќе за насшот спорт и нашите натпреварувачи. Во врска со нашите натпреварувачи, сакам да истакнам дека секој поради своја причина не го покажа она што го знае најдобро. Мое мислењ е дека причина за тоа беше кондицијата и тремата поради настап пред своја публика. Најголема трема имаа токму најуспешните и најискусните натпреварувачи како што се Викторија Варадинова, Димитар Гјоргиев и Бобан Илиоски. Секој од нив има многупати настапувано на меѓународни борби и првенства како сениори, но на овој настан токму кај нас кондиционо слабо се покажаа.

Бобан во главната борба извојува победа над турскиот светски шампион Берк Дузенли. Пред почетокот на борбата Бобан имаше трема и беше возбуден пред се поради својата публика, роднините и пријателите кои беа дојдени да го бодрат. Го приметив дека од преголема желба да покаже добра борба, тој се укочи и не го покажа очекуваното - да ја заврши борбата со нокаут. И покрај желбите и оцекувањата, морам да напоменам дека во борба помеѓу двајца искусни борци како во овој случај - двајца светски прваци, можноста за завшеток на борбата со нокаут е минимална, бидејќи двајцата борци се спремни, борбата им е тактичка и одмерена и голема улога игра надитрувањето и кондицијата.

Професионалните мечеви се бодуваат на добиени рунди не во собирање на бодовите од сите рунди заедно.

Викторија Варадинова бесе кондициски послаба од противничката во овој меч, истото се случи и со насшиот трикратен светски и европски шампион Димитар Гјоргиев, но и покрај тоа тој покажа голема храброст и пожртвуваност и го прифати овој меч иако небеше кондиционо доволно спремен. И покрај сите околности, Диме го одработи мечот лавовски до крај.

Посебна пофалба сакам да упатам до нашите јуниорски натпреварувачи : Марија Димовска, Силвио Мировски, Нелсон Узеир и Максим Митровски кои приказаа технички атрактивни борби за публиката, без нималку трема и не им дозволија на противниците било каква доминација над нив и сите извојуваа победа. Секоја чест и браво за подмладокот.


Ново на Сител
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
