Изучувањето на македонскиот јазик дома се помалку атрактивно, за разлика од катедрите во странство
И додека кај нас од година во година се послаб е интересот за студирање и изучување на македонскиот јазик ,странците се љубопитни и сакаат да го научат . Професорка на Пекиншкиот универзитет по странски студии во Кина, каде се одвива настава по македонски јазик, вели има голем број заинтересирани студенти.Иако за нив на почеткот бил тежок сепак успеале да го совладаат.
Иако значително е намален бројот на студенти на катедрата на македоснки јазик при УКИМ, сепак македонскиот јазик не е во опасност од изумирање.
Дополнително она што загрижува е и тоа дека и годинава ниту еден македонски универзитет не се најде меѓу најдобрите 1.000 високообразовни институции во најновата Шангајска листа, на која се дава пресек за најдобрите универзитети во светот.
Трите врвни позиции ги држат универзитети од САД. Универзитетот Харвард веќе две децении е на врвот на листата. Веднаш зад него е Универзитетот Стенфорд, а на третата позиција е Институтот за технологија Масачусетс.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
