Македонија
9. September 2026 - 8:28

Изминатото деноноќие вкупно 34 пожари, три активни, седум под контрола

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои три се активни, а седум се под контрола.

Центарот за управување со кризи информира дека активни се пожарите меѓу селата Буринец – Локов – Селце – Елевци во општина Струга, кај селото Белица, месноста Кајорец кон селото Брезица во општина Македонски Брод и селото Брест кај месноста викана Рамно во општина Чучер - Сандево.

 

МИА