Изборот на уставни судии останува заглавен во Собранието
Собранискиот спикер, Талат Џафери го одби барањето на опозицијата да ја свика Комисијата за избори и именувања за избори на 4 уставни судии. Тој бара да се врати соодносот на власта и опозицијата во ова собраниско тело откако Алтернатива и БЕСА сменија страна во владината коалиција.
За таа цел, Џафери очекува пратеникот на БЕСА, Фадил Зендели сам да си даде оставка од Комисијата. Но ако Зендели не отстапи тогаш спикерот најавува акција.
Комисијата за избори и именувања повеќе од шест месеци не заседава поради проблемот со мнозинството. Проблем имаат и други Комисии и поради распаѓањето на коaлицијата Алијанса и Алтернатива.
Собранието има проблеми со политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата за прашањата поврзани со покачување на пензиите и на платите на наставниците.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
