Итна седница на Кризниот штаб на Кисела Вода по невремето со обилен дожд

Поради обилните врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на Скопје, во Општина Кисела Вода е свикана итна седница на Кризниот штаб. Општината соопшти дека екипите се на терен и се реагира по добиените пријави за поплавени површини и објекти.
-Општина Кисела Вода е во постојана и интензивна комуникација со Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, со екипите на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, како и со надлежните служби на Град Скопје, со цел брза интервенција и санирање на штетите. На терен се мобилизирани сите расположливи општински служби, кои работат на расчистување на критичните точки и обезбедување на безбедноста на граѓаните, се наведува во сооштението.
Општина Кисела Вода апелира до нејзините жители доколку забележат проблеми или имаат потреба од асистенција, случајот да го пријават на дежурните телефони: 072 250 719 и 072 443 500.
-Сите наши капацитети се ставени во функција на помош и поддршка на граѓаните. Општинските служби се на терен и ќе останат таму сè додека целосно не се нормализира состојбата, информира Општина Кисела Вода.
МИА
Ново на Сител
-

Кратерска инвазија во Скопје: Бесплатен превоз и влез за навивачите и симпатизери на Силекс против Динамо Минск
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба
-

Пилот-проект на ЦУК: Интелигентни камери за рана детекција на пожари во критичните зони
-

Во јуни годинава температурите во цела Грција биле над просекот
-

Ѓорѓиевски: Со навремена реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје
-

Итна седница на Кризниот штаб на Кисела Вода по невремето со обилен дожд
-

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп
-

Невремето предизвика поплави - најпогодени се населбите: Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба
