Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година

Според индексот на „Мач бетер адвенчурс“, првото место на листата на најдобри европски дестинации за „соло“ патувања во 2026 година ѝ припадна на Италија. Рангирањето е направено според критериумите за безбедност, пристапноста на оброците и леснотијата за добивање визи.
Според авторите на истражувањето Италија претставува комбинација од врвна гастрономија, развиена железничка мрежа и разновидни природни пејзажи, што ја прави особено привлечна за „соло“ патниците.Во образложението се нагласува дека токму оваа комбинација овозможува лесно движење низ земјата, но и разновидно туристичко искуство.
-Италија нуди исклучително широк спектар на активности. Без разлика дали планинарите на Доломитите, возите велосипед низ маслинови насади во Тоскана или пешачите по крајбрежните патеки во Лигурија, државата нуди ретка комбинација на авантура и култура поради која сакате да ѝ се вратите, изјави дизајнерката на патувања во компанијата „Мач бетер адвенчурс“, Марта Маринели.
Второто место ѝ припадна на Португалија, издвоена поради високото ниво на безбедност и развиената инфраструктура. Меѓу препорачаните дестинации се атлантскиот брег, Азорските Острови, како и рибарските патеки надвор од најпосетените туристички центри како Лисабон и Алгарве. Веднаш по неа се најде Шпанија, а за најпопуларни туристички дестинации се наведуваат кантабрискиот брег, Галиција и регионот Мурсија.
Во останатиот дел од европската ранг-листа следуваат Норвешка, Словачка, Албанија, Исланд, Грција, Словенија и Романија. Норвешка се издвојува по својата безбедност и недопрената природа, додека Албанија е истакната како поволна дестинација поради ниските цени и атрактивното крајбрежје. Листата се завршува со Романија како една од најприфатливите опции за „соло“ патувањата во Европа.
Според соосновачот на компанијата „Мач бетер адвенчурс“, Сем Брус, во последните години се забележува растечки тренд на таканаречените „соло“ патувања со цел. Земајќи го предвид неговото искуство, патниците сè почесто избираат дестинации кои нудат чувство на безбедност и заедница, без да се откажат од авантурата и откривањето на нови простори.
МИА
Ново на Сител
-

Жерновски: Владата веќе договорила прифаќање на Францускиот предлог
-

Новите авио линии го зголемија бројот на туристи
-

Жителите на Тркање обвинуваат за недостаток на вода, Општина Кочани вината ја лоцира кај нив
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
