-->
-->
Истрели од огнено оружје во Арачиново, повредени две лица
-->

Денеска (23.08.2026) во 05:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул„18“ во с.Арачиново се слушале истрели од огнено оружје. Полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки во кое биле И.И.(34) и Ш.И.(42).
Притоа, тие се здобиле со повреди и биле пренесени во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
-

Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%
-

Реакции по изјавата на Jотова: „Немаме што да делиме со Македонија затоа што историјата ни е заедничка”
-

Партиски реакции по одлуката на ОЈО ГОКК да го затвори случајот „Mодуларни болници“
-

Сите кои издаваат сместување имаат обврска да платат данок
-

Николоски: По првите километри од автопатот Прилеп-Битола граѓаните ќе може да возат идната година
