Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Осомничениот 30-годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, нанесувајќи му повеќе од 30 убоди во вратот и градниот кош. Таткото починал на лице место.
Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе повеќе дејствија со цел прецизно утврдување на мотивите за настанот, а ќе биде извршено и психијатриско вештачење на осомничениот.
Со цел негово обезбедување во текот на кривичната постапката, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.
Ново на Сител
-

Пијан велешанец и се заканувал на поранешната сопруга, измерени му се 2,14 промили алкохол во крвта
-

26-годишник од Тетово на сила одзел електричен тротинет од малолетник
-

Македонија и Косово ја продлабочуваат царинската соработка за побрза трговија и посигурни граници
-

Идниот месец ќе има редовно усогласување на пензиите согласно со законот, сè уште траат пресметките
-

Ангелов: Тежок пожар избувна во Општина Градско, интервенција од терен, а пренасочени и ер-тракторите
-

Мицкоски до Филипче: Се согласувам дека не сме исти и среќен сум поради тоа
-

ЦУК: Сите државни ресурси ангажирани на терен за заштитата на планината Китка
-

20-годишник од скопско бегајќи од полиција со возило удрил во бетонски ѕид и во полициски автомобил
