Истрага за осомничен за продажба на кокаин во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Како што информира ОЈО, при претрес во домот на улица „Илинденска“ во Тетово, во кој осомничениот живеел како потстанар, полицијата пронашла вкупно околу 44 грама кокаин и околу 3 грама метамфетамин. Дрогата била спакувана во повеќе помали пакувања и наменета за илегална продажба, а во станот била пронајдена и дигитална вага со траги од наркотици.
Поради околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и ризик осомничениот да продолжи да го врши кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од тетовскиот суд достави предлог за определување мерка притвор.
МИА
Ново на Сител
-

АХВ: Не сме дале изјава дека вчера заловеното животно во Козле е куче, а не волк
-

Паника и недостиг од излези во „Пулс“, стои во пишаните сведоштва на две девојки, одбраната побара да не се прифатат овие докази
-

Јаневска по случајот со повредениот ученик: Неопходна е секторска соработка, но и родителите да посветат внимание на своите деца
-

ВМРО-ДПМНЕ е промакедонска партија, тоа што СДСМ одамна го изгуби својот идентитет е нивен проблем со кој брзо ќе се соочат на избори, вели Мицкоски
-

Љупчо Николовски повикан во полициска станица, тврди дека случајот е политички монтиран
-

Финтек револуција во Македонија: Flex Pay официјално доби лиценца за издавање електронски пари од Народната банка
-

Србија не треба да се откажува од преговорите за членство во ЕУ, нагласува потпретседателката на српскиот парламент
-

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик
