Историски чекор за Иџе: Прв возач од Балканот со прототип „Норма“, само 12 вакви болиди во светот
Европскиот автомобилски шампион Игор Стефановски – Иџе започнува ново поглавје во својата богата тркачка кариера. По низата европски титули и бројните успеси на ридските патеки, македонскиот возач оваа сезона ќе настапува со прототип болид „Норма“, во најмоќната и најпрестижната класа во ридскиот автомобилизам.
Со овој чекор, Стефановски станува првиот возач од Балканот кој ќе настапува со ваков прототип на официјални меѓународни натпревари. Болидот „Норма“ е исклучително редок – според Стефановски, во светот се произведени само 12 вакви возила.

„Отворам ново поглавје во мојата кариера. За овој момент сонувам цел живот. Ќе бидам првиот возач од Балканот кој ќе настапува со прототипот Норма, еден од само 12 вакви болиди произведени во светот“, изјави Иџе.
Тој посочи дека станува збор за исклучително моќен прототип, чија технологија и перформанси се блиски до оние на болидите во Формула 1.

Новиот автомобил Стефановски го тестира на Водно, симболично место за неговата кариера, каде што започнала неговата тркачка приказна.
„Со овој болид влегуваме во нова категорија, со исклучително силна и бројна конкуренција. Верувам дека и во оваа класа ќе бидеме конкурентни и ќе се бориме за нови подиуми на европските ридски трки“, додава Стефановски.

Прототипот е конструиран исклучиво за натпреварување и се одликува со ултралесна шасија, одличен однос меѓу тежината и силата и напредна аеродинамика, што овозможува високи перформанси на планинските патеки.
Со преминот во оваа категорија, Игор Стефановски – Иџе прави уште еден значаен чекор во кариерата и ја носи Македонија во највисоката класа на европските ридски натпревари.
Ново на Сител
-

Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица
-

Фицо: Некои на Запад сакаат војна меѓу Русија и НАТО
-

Несреќа во Црна Гора, карпа падна врз автобус полн со деца кои се враќале од екскурзија
-

Москва нападната од десетици украински беспилотни летала, најмалку двајца загината и шест повредени
-

Претпладне променливо облачно, попладне дожд - од понеделник пад на температурите
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
