Ирански бродови без инциденти поминаа низ американската поморска блокада во Оманскиот Залив

Неколку ирански бродови помина низ американската зона на поморска блокада во Оманскиот Залив, објавија иранските државни медиуми, по постигнувањето на прелиминарниот договор меѓу САД и Иран, чија цел е ставање крај на конфликтот во регионот.
Најмалку три танкери што превезувале нафта и два товарни брода синоќа го минале подрачјето без инциденти, објави иранската телевизија „Прес ТВ“, повикувајќи се на информирани извори.
Овој развој на настаните следува по повеќенеделните преговори во чии рамки Вашингтон и Техеран постигнаа рамковен договор за прекин на војната, кој треба формално да биде потпишан в петок во Швајцарија.
Една од клучните точки на спор во преговорите беше повторното отворање на Ормуската Теснина. Иран се согласи да овозможи повторно отворање на поморскиот пат по потпишувањето на договорот, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил итно укинување на американската поморска блокада на иранските пристаништа. Со договорот се исполнува едно од главните барања на Техеран.
Во одвоена информација, сервисот за следење бродови „ТанкерТракерс“ (TankerTrackers) на платформата Икс објави дека супертанкер кој превезувал околу два милиони барели иранска сурова нафта ја минал американската поморска блокада, додека други пловни објекти се приближуваат кон зоната или веќе ги напуштиле иранските пристаништа.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека договорот со Иран е потпишан и дека неговата содржина ќе биде објавена по официјалното потпишување предвидено за в петок. Тој додаде дека Ормуската Теснина тогаш ќе биде целосно отворена за пловидба.
Според информациите што ги изнесоа двете страни, договорот предвидува повторно отворање на Ормуската Теснина и продолжување на примирјето за дополнителни 60 дена, период во кој треба да се решат најспорните прашања, вклучително и иднината на иранската нуклеарна програма.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека конечниот исход од договорот би можел да вклучува и пристап на Иран до фонд за обнова вреден до 300 милијарди долари, кој би бил финансиран од арапските држави од Персискиот Залив, под услов Техеран да ги исполни обврските за откажување од нуклеарни материјали.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен тетовец, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар
-

Стрелките се враќаат еден час назад: Еве кога започнува зимското сметање на времето
-

35 врвови за 35 години независност: Благица Владимировска и Ема Лазареска ја изодеа Шар Планина за четири дена
-

Загрижувачки резултати: Само третина од 15-годишниците во земјава имаат основни познавања за математика, читање и наука
-

Мерц: АфД е „деструктивна сила“ која никогаш нема да освои апсолутно мнозинство
-

„Екс ју авијација“: „Ер Србија“ со 14 лета неделно меѓу Белград и Скопје во зимската сезона
-

За две години во Србија се породиле повеќе од 3.500 тинејџерки, 31 биле помлади од 15 години
-

Утрово уапсен Перпарим Бајрами, сам се предал на полицијата
