Иранската војска ги отфрла „арогантната реторика“ и заканите на Трамп

Техеран ги отфрли заканите на американскиот претседател Доналд Трамп против иранската инфраструктура како „заблудни“.
Воен портпарол на Централниот штаб на Хатам ал-Анбија, кој ја презема командата за време на војна, изјави дека заканите на Трамп вчера нема да „компензираат за срамот на Америка“.
„Грубата, арогантна реторика и неоснованите закани на заблудениот американски претседател нема да компензираат за срамот и понижувањето на Америка во регионот на Западна Азија“, рече портпаролот во соопштението објавено од државните медиуми.
Трамп претходно вчера изјави дека САД би можеле да ги уништат сите мостови и електрани на Иран во рок од четири часа ако Техеран не го почитува неговиот ултиматум за повторно отворање на Ормуската Теснина.
Американскиот претседател постојано издава и одложува рок за Техеран да ја укине блокадата на Ормутската Теснина, предупредувајќи дека во спротивно Иран ќе се соочи со напади врз енергетските објекти и другата цивилна инфраструктура.
Ново на Сител
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
