Иранската револуционерна гарда ја презеде одговорноста за нападите со беспилотни летала и ракети врз Кувајт и Бахреин по американскиот напад

Иранскиот паравоен корпус на Гардата на исламската револуција соопшти дека синоќа ги нападнал Бахреин и Кувајт и се заканил дека „целосно ќе ги запре“ преговорите со САД доколку Вашингтон продолжи да извршува напади врз Иран.
Во соопштение објавено од државниот весник „Иран“, Гардата посочи дека ја нападнала Петтата флота на американските поморски сили, како и воздухопловната база „Ал Асад“ во Кувајт.
„Но, непријателот знае дека кршењето на примирјето ќе доведе до целосно прекинување на започнатите процеси“, додадоа од корпусот на гардата.
Пораката на гардата беше најострата закана за прекин на дијалогот откако САД и Иран потпишаа прелиминарен договор за запирање на непријателствата (Меморандум за разбирање во Исламабад). Тоа отвори 60-дневен прозорец за преговори за трајно решение на конфликтот, забележуваат светските агенции.
Министерството за надворешни работи на Иран соопшти дека САД нападнале радарски локации на јужниот брег на Исламската Република преку ноќ, нарекувајќи ги нападите кршење на меморандумот од Исламабад.
МИА
Ново на Сител
-

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар
-

Седници на четири собраниски комисии
-

САД: Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат
-

Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
