Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада

Иранската државна телевизија соопшти дека Техеран добил нацрт на првична, неофицијална рамка за меморандум за разбирање со САД за прекин на конфликтот меѓу двете земји.
Согласно рамката, Иран во рок од еден месец ќе ја обнови комерцијалната пловидба низ Ормуската Теснина до нивото од пред војната, додека САД ќе ги повлечат своите воени сили од регионот околу Иран и ќе ја укинат поморската блокада.
Државната телевизија јави дека рамката, која ги исклучува воените бродови и предвидува Иран да управува со бродскиот сообраќај низ теснецот во соработка со Оман, сè уште не е финализирана и оти Техеран нема да преземе никакви чекори без „опиплива проверка“.
Медиумот додаде дека доколку се постигне конечен договор во рок од 60 дена, тој би можел да биде одобрен како правно обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на ОН.
Појавата на меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран произлегува од индиректните преговори почнати по војната, која почна во февруари, во кои Пакистан игра централна посредничка улога меѓу Техеран и Вашингтон.
Војната избувна по наглата ескалација на тензиите меѓу Иран и Израел претходно годинава. Двете земји разменија ракетни удари и напади со дронови, кои ја нарушија пловидбата во Персискиот Залив и доведоа до воена интервенција од страна на САД, предизвикувајќи загриженост за поширок регионален конфликт.
МИА
Ново на Сител
-

Вардар поразен на домашен терен од Рига
-

Со даночно затајување управител и правно лице го оштетиле Буџетот за 8.070.791 денари
-

Средба Лавров - Рубио на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила
-

Одбележани 14 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица
-

Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари, поднесена кривична пријава против едно лице
-

Комеморација за киднапираните и убиени Македонци во 2001 година во тетовско Непроштено
-

Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
