Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска предупреди дека секоја британска воена база што САД ќе ја користат за напади врз Иран ќе стане „легитимна цел“, обвинувајќи го Лондон дека има значајна улога во неодамнешните американски и израелски воени операции.
Во соопштението, Револуционерната гарда наведе дека американската војска неодамна користела бомбардери „Б-1“, кои полетувале од британската воздухопловна база Ферфорд, откако воените бродови во Индискиот Океан ги потрошиле резервите од крстосувачки ракети.
„Секоја база што ќе биде искористена за агресија врз иранската територија за нас претставува легитимна цел“, се наведува во соопштението.
Техеран ја предупреди Велика Британија „да не го влошува дополнително својот досегашен биланс“, обвинувајќи ја дека е „еден од главните архитекти на нестабилноста“ на Блискиот Исток и дека одиграла една од најзначајните улоги во неодамнешните американски и израелски напади врз Иран.
Претходно, ИРГЦ соопшти дека погодила американска единица за електронско војување во воздухопловната база „Ал Удеид“ во Катар и дека ја оштетила контролната кула на аеродромот.
Воедно, Техеран го обвини Вашингтон дека повиците за обновување на преговорите ги користи за да добие време за обновување на своите воени капацитети пред евентуалното продолжување на нападите.
Според ИРГЦ, Иран нема да дозволи САД да имаат корист од, како што се наведува, „измамнички прекини на огнот“.
Тензиите во регионот остануваат високи откако САД и Израел во февруари започнаа заедничка офанзива против Иран. Техеран возврати со напади со ракети и со беспилотни летала насочени кон Израел и кон американски воени цели во Персискиот Залив.
Иако двете страни минатиот месец потпишаа меморандум за разбирање, со посредство на Пакистан, за ставање крај на конфликтот, тензиите повторно ескалираа минатата недела поради случувањата околу Ормуска Теснина, што доведе до нова размена на напади и до обновени американски закани за воена акција против Иран.
МИА
Ново на Сител
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
-

Заврши конзервацијата и реставрација на иконостасот во црквата Свето Благовештение која траеше 5 години
