Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД

Иран денеска предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на секоја нова закана од САД, откако Вашингтон објави дека ќе воведе досега најстроги санкции насочени кон понатамошно ослабување на иранскиот режим.
Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, изјави дека деталите за новите мерки ќе бидат објавени во понеделник. Тој ги оцени како „најтешките санкции во историјата“ и рече дека САД ќе се обидат економски да го изолираат Иран, вклучително и да вршат притисок врз земјите и компаниите што продолжуваат да соработуваат со Техеран.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно предупреди дека секоја земја што му обезбедува на Иран „каков било вид поддршка за неговиот опстанок“ ќе се соочи со сериозни економски последици.
Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, генерал-мајор Али Абдолахи, денеска изјави дека одговорот на Иран ќе биде сеопфатен.
– Со подготвеност на копно, море, воздух, воздушната одбрана и сајбер-просторот, иранските вооружени сили ќе одговорат силно и разорно на новите закани од непријателот, рече Абдолахи.
Иран е под речиси континуирани санкции од САД уште од Исламската револуција во 1979 година, но администрацијата на Трамп сега најавува многу поширок притисок врз иранската трговија, финансиските текови, како и против земјите што продолжуваат да му помагаат на Техеран.
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Бакер Калибаф, кој беше вклучен во преговорите со САД, за време на посетата на Ирак изјави дека Иран мора да подготви план за справување со новите санкции.
– Мора да направиме планови за справување со неправедните санкции за да можеме да ги надминеме, рече Калибаф.
Тој оцени дека САД и Израел заклучиле дека не можат да го победат Иран во директен воен конфликт и сега, според него, прибегнуваат кон економска војна.
Калибаф, исто така, повика на зајакнување на економските односи меѓу Иран и Ирак и поголема употреба на националните валути во меѓусебната трговија за да се намали зависноста од американскиот долар.
МИА
Ново на Сител
-

Чадот од српските пожари го покри романскиот град Тимишоара, дадени итни здравствени препораки
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
-

Кривична за 68-годишник од Демир Хисар, дома чувал четири различни видови на огнено оружје и 155 куршуми
-

Просечната нето плата во јуни 48.381 денар
-

Клековски: Средствата за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од СЗО
-

Мицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите
-

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се одржи 39. „Охридски пливачки маратон“
