ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) нема да ја истражува можната вмешаност на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во поништувањето на црвениот картон на напаѓачот на американската репрезентација, Фоларин Балогун, на Светското фудбалско првенство 2026, објави „The Athletic“.
„FairSquare“, организација која ги промовира човековите права и управувањето со спортот, поднесе жалба до ИОК, тврдејќи дека Инфантино можеби го прекршил принципот на политичка неутралност, загарантиран во Олимписката повелба, вклучително и поради наводното влијание на американскиот претседател Доналд Трамп врз одлуката на ФИФА да ја поништи забраната од еден натпревар на Балогун.
– Оваа жалба против претседателот на ФИФА се однесува исклучиво на одлуките на меѓународната федерација поврзани со нејзиното управување, интеракциите со владини агенции и примената на правилата на спортот. Овие прашања спаѓаат надвор од опсегот на етичкиот кодекс на организацијата, се вели во соопштението на ИОК.
Балогун доби црвен картон во натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против Босна и Херцеговина (2:0) и требаше да го пропушти следниот натпревар. Сепак, по повик од Белата куќа, суспензијата беше укината и тој играше во осминафиналниот натпревар против Белгија (1:4).
Претходно беше објавено дека Норвешката фудбалска асоцијација има намера да поднесе формална жалба директно до ФИФА.
МИА
Ново на Сител
-

Комеморација за киднапираните и убиени Македонци во 2001 година во тетовско Непроштено
-

Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
-

Агент поврзан со случајот „Епстин“ пронајден мртов во стан во Париз
-

САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред
-

Сончево со локална облачност и температура до 34 степени
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
