Loading Video...
Фудбал
23. May 2021 - 18:41

Интер со 5 голови во мрежата на Удинезе ја прослави шампионската титула

Со убедливата победа над Удинезе со 5-1, фудбалерите на Интер на најубав можен начин ја завршија сезоната во италијанската Серија А. 
 
„Неро-азурите“ веќе одамна ја имаа осигурено „скудетото“, прво за тимот од Милано по пауза од 2010-тата година. 
 
Илјадници навивачи на Интер се собраа пред стадионот „Џузепе Меац“ за да ја пречекаат екипата на Антонио Конте и ја ја прослават вкупно 19-тата шампионската титула, со која го минаа на вечната листа лутиот градски ривал Милан кој има еден трофеј помалку, додека убедливо на врвот е Јувентус кој дури 36 пати бил првак на Италија. 
 
Во пресрет на вечерашните средби од последната рунда Интер е единствениот сигурен тим кој ќе настапува во Лигата на шампионите, додека за преостанатите три места ќе се борат Аталанта, Милан, Наполи и Јувентус кој има бод односно три помалку од конкурентите.