Инклузивен натпревар во кошарка во колички кај „Авионче“ во Ново Лисиче

На новото кошаркарско игралиште кај „Авионче“ во населбата Ново Лисиче, синоќа се одржа инклузивен натпревар во кошарка во колички, организиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Здружението за спортски активности на лица со телесен инвалидитет - Кошаркари во колички „ХОУП СПОРТ“ Скопје.
Настанот се реализираше како интерактивна платформа за промоција на еднаквите можности и инклузија во спортот.
На теренот излегоа две екипи на кошаркари во колички. Играчите на теренот покажаа дека страста кон играта и тимскиот дух се заеднички јазик што ги надминува сите бариери.
Присутните имаа можност да научат повеќе за правилата на кошарката во колички, за техничките вештини како водење на топка и шутирање, како и за специфичните физички предизвици со кои се соочуваат спортистите.

Во рамките на настанот, директорката на Националната агенција Ана Михајлов, градоначалникот на Општина Аеродорм, Дејан Митески и евроамбасадорот Михалис Рокас остварија средба со кошаркарите и останатите учесници, давајќи директна поддршка на оваа иницијатива која ја промовира социјалната кохезија. Низ разговор, учесниците ги споделија своите лични искуства, предизвици и придобивките што спортот ги носи во нивните животи.
Овој настан е дел од заложбите на Националната агенција за градење на поинклузивно општество, каде што секој поединец, без оглед на своите можности, е охрабрен да биде активен учесник во јавниот и спортскиот живот.
МИА
Ново на Сител
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
-

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска
-

Уапсени две лица откако едниот од нив репетирал пиштол и се заканувал кон група луѓе во Скопска чаршија
-

Приведени 6 лица поврзани со групна тепачка во угостителски објект во Велес
-

28-годишник од дебарско почина откако се повредил при сеча на дрва
-

Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда
-

Ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски за случајот "Талир 2"
