Информативна сесија за примената на Законот за работно ангажирање на лица

Во Струмица денеска ќе се одржи информативна сесија „Фер ангажман“ посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица.
Настанот се организира во рамки на кампањата „Фер ангажман“ како дел од проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија“, што го спроведуваат Центарот за истражување и креирање политики и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во соработка со Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување.
Целта е јасно и практично информирање за можностите и придобивките што ги нуди Законот, како за работниците, така и за работодавачите.
- Во рамки на настанот ќе бидат презентирани клучните аспекти на Законот, категориите лица кои можат да бидат работно ангажирани, нивните права и обврски, како и презентација на електронскиот систем за пријава и одјава (е-Работа), најавуваат организаторите.
МИА
Ново на Сител
-

Укинувањето на Пржинската влада пред пратениците
-

Седница на работните групи за Изборниот законик
-

Мицкоски: Интензивно се работи на реформската агенда
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
