Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино се огласи денеска преку социјалните мрежи, но наместо одговор на контроверзите што се појавија на Светското првенство во последните денови, изнесе комплименти за организацијата на турнирот и судиите.
„Светското првенство донесе неверојатен успех, а голем дел од заслугата за тоа му припаѓа на нашиот одличен судиски тим. На првенството судат најдобрите судии во светот, избрани преку ригорозен процес што ги зеде предвид нивните способности, доследност и квалитет во текот на долг временски период. Би сакал уште еднаш да нагласам дека мора да ги почитуваме судиите и правилата што ја регулираат нашата игра. Тоа е многу едноставно и никогаш не може доволно да се нагласи – без судии нема фудбал‘, напиша Инфантино.
Изминатите денови се појавија голем број контроверзи на Светското првенство, а најголемо внимание привлече одлуката на ФИФА да го поништи црвениот картон на американскиот фудбалер Фоларин Балогун.
Балогун настапи на осминафиналниот натпревар против Белгија, во кој САД беа убедливо поразени со 4-1, и покрај тоа што му беше покажан црвен картон на дуелот од шеснаесетфиналето против Босна и Херцеговина.
Ден пред дуелот против Белгија што се одигра рано изутринава по средноевропско време, американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со претседателот на ФИФА, од кого побарал да се преразгледа случајот со исклучувањето на Балогун.
ФИФА потоа донесе одлука со која ја го поништи црвениот картон и му дозволи на американскиот репрезентативец да настапи во осминафиналето.
МИА
Ново на Сител
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
-

Пожарникарите спасија мало теле на Китка
-

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар
-

Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани
-

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026
-

Победниците на УС опен 2026 ќе добијат по 5,5 милиони долари
-

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Собранието демантира дека плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените
