Имаат само 16 и 17 години, а покажаа голема хуманост: Лука и Дони израдуваа првачиња во Бутел
Младите Лука Јоакимовски (16) и Дони Божинов (17), кои се дел од организацијата на Меморијалниот турнир „Златко Божинов – Божо“, реализираа хуманитарна акција во пресрет на новата учебна година.
Тие донираа училишни ранци и комплетен училишен прибор за првачињата од македонската паралелка во ООУ „Панајот Гиновски“ во Општина Бутел.
Во рамки на хуманитарната акција биле обезбедени и дополнителни пакети за семејство од скопската населба Чаир.
Лука и Дони веќе петта година учествуваат во организацијата на Меморијалниот турнир „Златко Божинов – Божо“, кој се одржува во спомен на Златко Божинов.
Со оваа акција младите организатори сакаат да испратат порака дека спортот и заедништвото можат да бидат поттик и за хуманост и помош на оние на кои им е потребна.
Нивната иницијатива е уште еден пример дека и младите можат активно да придонесуваат во заедницата и преку мали, но значајни дела да направат разлика.




Ново на Сител
-

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ во Скопје во чест на 35 години независност
-

Вкупно 31 пожар на отворен простор е регистриран до изутринава
-

Штетата од катастрофалните поплави во Непал надминува 2,5 милијарди долари
-

Трамп: Ја спасив Велика Британија од нуклеарен напад со започнувањето на војната со Иран
-

Сончево и топло со температура до 33 степени
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
