Илјадници партиски членови сакаат да бидат народни избраници
Дали високите плати, а малиот ангажман и низата привилегии ја прават пратеничката функција едно од најатрактивните? Илјадници партиски членови деновиве аплицирале во своите матични партии за да се најдат на пратеничките листи.
Над 600 членови на СДСМ поднеле кандидатура за да се најдат на пратеничките списоци на оваа партија, вели лидерот Ковачевски за тоа до каде е процедурата со формирањето на листите за нарподни избраници. Тој најавува дека СДСМ и Коалицијата ќе го заокружи процесот за две до три недели.
Освен Ковачевски, кој најави дека ќе биде носител во Единицата, засега останатите осители во СДСМ се непознати. Се шпекулира името на Мартин Костовски како носител во 2 изборна едница, и на Јован Митрески во Шестката.
Голем интерес за да се стане народен избраник имало и во ВМРО-ДПМНЕ. И таму листите ќе бидат познати до крајот на месецов. Официјално е само името на Мицкоски кој ќе биде носител во првата изборна едница. Се шпекулира дека за втората изборна едница најголеми шанси има Мисајловски. Тројката е неизвесна, а се споменува името на Ковачки, за четворката – Александар Николовски. Петта изборна едница, според партиски извори, можено е да донесе нов носител, најверојатно од Битола, но добри шанси има и генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски. Носителот во 6-ката би била жена: Дафина Стојановска или Гордана Кочовска, коментираат познавачите.
Самостоен настап со свои пратенички листи во сите шест изборни едници најавуваат и од партијата на Максим Димитреивски. Како носител во една од скопските изборни едници од ЗНАМ се шпекулираше името на Горан Минчев, но тој засега не потврдува.
По најавите дека ДУИ се обидува да направи контрафронт на опозцискиот „Вреди“ заедно со Села, Тачи, Аријанит Хоџа и Скендер реџепи, денеска од опозцискиот алабански блок велат дека тоа не ги плаши.
За разлика од македонските партии, албанските иако неофицијално, отворено ги најавуваат носителите во првата, втората, петтата и шестата изборна едница каде што доминираат албанските гласови.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
