Илјадници обожаватели се простија од Ози Озборн

Илјадници обожаватели се собраа денеска во родниот град на Ози Озборн, Бирмингем, за да му оддадат последна почит.
Ози Озборн почина на 22 јули на 76-годишна возраст, а погребната поворка помина низ центарот на градот, придружена од звуците на неговите најпознати песни и емотивни реакции на собраните фанови.
Поворката тргна од Broad Street и се задржа кај клупата и мостот посветени на бендот Black Sabbath — место кое во последните денови стана симбол на сеќавање, преполно со цвеќе, писма и пораки. Во едно од возилата во колоната беше целото семејство Озборн.
Семејството во еден момент излезе од автомобилот за да им се поклони на обожавателите и да го види сето она што е оставено во чест на Ози.
Градоначалникот на Бирмингем, Зафар Икбал, изјави: „Ози не беше само музичка легенда — тој беше син на Бирмингем. По концертот ’Враќање на почетокот‘ и доделувањето на почесната титула Слобода на градот, сакавме уште еднаш да му се оддолжиме, на начин каков што заслужува. Знаеме колку ова значи за неговите фанови.“
По смртта на Ози, Кели Озборн изјави: „Изгубив најдобар пријател …“
Ози Озборн беше еден од највлијателните музичари во историјата на рокенролот, познат како основач и пејач на бендот Black Sabbath, кој во 1970-те ги постави темелите на хеви метал звукот. Во бендот беше од 1968 до 1978 година, а хитови како „Iron Man“, „Paranoid“ и „Changes“ станаа химни на генерации.
По заминувањето од групата, Озборн изгради успешна соло кариера со песни како „Crazy Train“, „Mr. Crowley“ и „No More Tears“. Беше познат и по своето ексцентрично однесување — најпознат е настанот кога на настап одгриза глава од лилјак, со што дополнително го зацврсти статусот на симбол на шок-рокот.
Само две недели пред смртта, Ози настапи за последен пат со Black Sabbath, на концерт на кој настапија и Guns N‘ Roses, Metallica и други изведувачи. Иако со години се бореше со Паркинсонова болест и последици од пад во 2019 година, никогаш не се откажа од сцената.
МИА
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
