Идниот месец ќе има редовно усогласување на пензиите согласно со законот, сè уште траат пресметките

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот.
- Да, тоа ќе биде редовно усогласување, нивелирање во согласност со законот. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци, во заднина охрабрени од политички партии, пред Уставниот суд да поведат тема за линеарното зголемување на пензиите. За да ги заштитиме пензионерите и пензиите, понатаму зголемувањето ќе биде во соодветство со усогласувањата предвидени со законот - рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на Управата за хидрометеоролошки работи.
Според Мицкоски, износот на зголемувањето на пензиите сè уште се пресметува.
- Не, не се знае. Се пресметува, ќе се знае многу бргу - изјави Мицкоски.
Пензиите се усогласуваат двапати годишно, на 1 март и на 1 септември, а во пресметката во согласност со законот еднакво учествуваат порастот на просечно исплатената плата и порастот на трошоците на живот.
Во изминатите две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари.
МИА
Ново на Сител
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Прв случај со западнонилска треска во Kумановско
-

Владата одлучи: Од денеска до 30 септември, училишниот прибор ќе се продава за 15% поевтино
-

200 паралелки помалку во основно, 100 во средно – Јаневска најави и затворање на 26 рурални училишта
