Идејата за поскап паркинг за големите возила се шири и во Германија

По Париз, и во германскиот град Кобленц од март ќе важат нови цени за паркирање одредени во зависност од големината на возилото и количината штетни испуштени гасови.
Германското друштво за заштита на животната околина „Дојче умвелтхилфе“ (Deutsche Umwelthilfe) го поддржа тој потфат и заедно со „Здружението за заштита на животната средина и природата“ (БУНД) и организацијата „Гринпис“, повикаа на слични правила и за поголемите германски градови. Како последица на тоа, во Кобленц следниот месец се воведува основна сума од 23,40 евра годишно (0,45 евра неделно) што се множи со променлив фактор врз основа на димензиите на возилото, објави „Тагешпигел“.
За разлика од францускиот главен град, во Кобленц новите цени ќе важат главно за жителите на градот.
По пресметките, возачите ќе мора да плаќаат од 100 евра нагоре, на годишно ниво. Паркинг-билетот за теренци ќе чини повеќе – за „Смарт фортво“ ќе треба да се плати 104,87 евра за цела година, „Фолксваген голф“ – 179,12 евра, а за „Тигуан“, којшто испушта повеќе јаглерод-диоксид, паркингот чини 196,23 евра.
Ново на Сител
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
-

Можно е пак да има мерки за цените на горивата
-

Државната ревизија утврди повеќе неправилности во Aгенцијата за вработување
