-->
-->
Хуркач со прва Мастерс титула во историјата на Полска
-->

Полскиот тенисер Хуберт Хуркач го освои најголемиот трофеј во својата кариера, победувајќи го италијанскиот тинејџер Јаник Синер со 7:6(4)/6:4 во финалето на Мастерсот во Мајами, во необична пресметка на двајца тенисери кои се блиски пријатели и кои играат заедно во двојки.
19-годишниот Синер беше сензацијата овие две недели на Флорида, покажувајќи игра со која може да се надева на големи успеси во иднината, но 24-годишниот Хуркач беше едноставно поискусен во клучните моменти.
Полјакот губеше со 0:3 и со 5:6 во првиот сет, но се врати да израмни и го освои тај-брејкот, по што поведе со 3:0 во вториот. Сепак, Синер не се откажа и до крај го намачи Полјакот до неговата трета титула, по таа во Винстон-Сејлем во 2019 и таа од Делреј Бич од јануари оваа година.
Хуркач сега е првиот полски тенисер во историјата со Мастерс 1000 титула и од понеделник ќе биде на 16. место на АТП листата. Титулата е сосема заслужена ако се знае дека на патот до финалето тој ги победи Стефанос Циципас, Андреј Рубљов, Денис Шаповалов и Милош Раонич.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мерц шокиран од шесткратното убиство во центарот за помош на млади во германскиот град Штаде
-

Сончево и топло, од утре локална нестабилност, заладување и дожд
-

ЦУК: До 18:00 часот вечерва во државата се регистрирани 11 пожари на отворен простор, еден е активен, а 10 се изгаснати
-

Собранието ја изгласа потребата за носењето на Изборниот законик по скратена постапка
-

Италија и Балканот се соочуваат со топлотен бран
-

Трамп: Состанок со иранските претставници ќе се одржи утре во Доха
-

СП2026: Досега 4.64 милиони гледачи
-

Уапсен еден од најмоќните мафијашки шефови во Европа, Дон Мико
