Македонија
27. July 2023 - 16:30

Хрватин влезе во Судскиот совет, оценската мисија на ЕУ го почна процесот

Тимот на оценската мисија испратен од ЕУ влезе во Судскиот совет. По Големата загриженост на Унијата за скандалите во Советот, тим од четворица претставници во првата фаза ќе ја чешла работата на судиите и ќе даде оценка за нивната работа.  

На чело на мисијата е поранешниот прв човек на хрватскиот Врховен суд Бранко Хрватин кој во изјава за Сител вели дека доаѓа во Скопје како дел од стручна посета а со членовите на Судски ќе разменат мислења...

По средбата од Судски не откриваат со какви забелешки доаѓа Хрватин, кој заедно со тимот до утре е во Скопје.

ОД Делегацијата на ЕУ во Скопје велат дека процесот ќе се води во две фази, но  се планираат итни мерки за да се вратат кредибилитетот и независноста на судското тело..

„Тим експерти од земјите членки на ЕУ  ќе ја испита институционалната рамка на Судскиот совет и ќе предложи краткорочни и среднорочни мерки, вклучително законодавни и институционални мерки, со цел да се зајакне независноста, непристрасноста и кредибилитетот ова важно тело за управување со судството“, се вели во најавата од ЕУ.

По посетата на Македонија тимот експерти до есен ќе го анализира делувањето на Судскиот Совет, по што во земјава ќе пристигне поголема група експерти од повеќе европски држави, претежно поранешни членови на судски совети...

Одлуката за испраќање на оценска мисија доаѓа по смената на Весна Дамева од претседателската функција и паѓањето на довербата во правосудните органи..

Додека експертите најавуваат детална анализа во Судски, Советот денеска објави оглас за избор на нов член откако избраниот судија Наќе Ѓорѓиев се повлече уште пред да даде свечена заклетва, за да му ослободи место за вработување на синот како судија. Од денсака во советот почна да работи и судијката Антоанета Димовска.