Хорор во Ченто: 14-годишно момче избодено седум пати со нож и претепано до бессознание
14-годишно момче е тешко повредено во брутален напад што се случил на 22 јуни во скопската населба Ченто, информира 24инфо. Според тврдењата на неговото семејство, тој бил нападнат без никаква причина од три лица додека се движел кон улицата „Финска“.
Напаѓачите најпрво го претепале, а потоа едно од лицата го избодело со нож седум пати во пределот на грбот. По нападот, момчето било оставено без свест, сè додека случаен минувач не го пронашол и не повикал Итна помош и полиција.
Повредениот малолетник бил итно пренесен во Ургентниот центар, каде што бил опериран. Семејството бара брзо расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.
Од МВР потврдуваат дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за негово расчистување.
„На 22.06.2026 околу 23:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, малолетник бил физички нападнат од три лица, од кои едното му нанело повреда со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Абази го презентираше извештајот за работата на ОЈОГОКК пред Советот на јавни обвинители
-

Мисајловски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
