Хормонална инјекција која лечи мамурлак
Американски научници работат на „инјекција за трезвеност“ којашто би можела да помогне при закрепнување од негативните последици од мамурлакот.
Истражувачите од Универзитетот на Југозападен Тексас на лабораториски глувци им дале „прекумерна“ доза етанол, еквивалентна на прекумерното консумирање алкохол кај луѓето. Потоа, на „алкохолизираните“ заморчиња им бил вбризгуван хормонот ФГФ21 (фактор на раст на фибробластите 21), којшто се наоѓа во црниот дроб.
Хемикалијата испратила сигнал до мозокот да се заштити од штетното дејство на алкохолот. Научниците откриле дека на глувците со природно пониски нивоа на хормонот им треба подолго време да се опорават, отколку другите.
Се покажа дека високите дози на ФГФ21 „значително го забрзуваат“ отрезнувањето преку стимулирање на мозочните клетки поврзани со возбудувањето – дури и кога нивото на етанол во нивните тела не е променето.
Познато е дека ФГФ21 штити од лошите последици на алкохолот со тоа што побрзо го разградува и ги стимулира мозочните клетки. Глувците беа тестирани и во однос на рефлексот и рамнотежата по изложувањето на етанол. Раководителот на истражувањата, д-р Стивен Кливе од Универзитетот во Тексас рече дека се надева дека овие наоди ќе бидат корисни во лекувањето на пациентите со акутно труење со алкохол.
– Зголемената будност на пациентот би ни користела многу во вакви ситуации, пред сѐ затоа што би ја избегнале потребата од интубација, а треба да се запомни и дека пациентите во несвест можат да се задушат во сопствената повраќаница, но и да го забрзаат процесот на проценка и третман на други повреди кои честопати се случуваат истовремено, рече тој.
Д-р Кливе додаде дека црниот дроб не само што е вклучен само во разградувањето на алкохолот, туку и испраќа хормонален сигнал до мозокот да се заштити од штетните последици на труењето, како губење свест и координација. Резултатите од научните истражувања се објавени во стручното списание „Сел метаболизам“
Ново на Сител
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
