Холивудската легенда Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви, се води истрага

„Оскаровецот“ Јуџин – Џин Хекман почина вчера на 95-годишна возраст. Во изјава за тамошните медиуми, окружниот шериф на Градот Санта Фе, Ејдан Мендоза рече дека Хекман и неговата сопруга – пијанистката Бетси Аракава, биле пронајдени мртви вчера попладне, во нивниот дом во главниот град на американската сојузна држава Ново Мексико.
„Може да потврдиме дека и Џин Хекман и неговата сопруга беа пронајдени мртви во средата“, соопшти полицискиот оддел на Санта Фе.
Надлежните потврдија и дека постои активна истрага за двата смртни случаи. Причината за смртта сѐ уште не е позната.
Шерифот Мендоза изјави дека првично нема јасни знаци на насилство, објави „Гардијан“.
Хекман живееше во Санта Фе, Ново Мексико, САД од 1980-тите. Се ожени со Аракава (63) во 1991 година. Зад себе има 101 улога, два „Оскари“, две „БАФТА“ одличја, четири „Златни глобуси“ и една награда на американското Здружение на глумци (САГ).
Ново на Сител
-

86-годишник и неговиот 60-годишен син се обиделе да силуваат 33-годишна жена во угостителски објект во Леуново
-

Директорот на Инфективна: Немаме податоци за пациенти со проблеми поради водата за пиење во Скопје
-

Се трага по 19-годишник од Тетово, исчезнал пред два дена
-

Уапсено лице од валандовско, поседувал ловечка пушта без дозвола
-

Полициските службеници изминатите два дена констатираа 1322 сообраќајни прекршоци, уапсени 32 лица
-

Денеска два астрономски спектакла - помрачување на Сонцето и метеорски дожд, ќе бидат видливи и од Македонија
-

Почина 83-годишен пациент заразен со западнонилска треска
-

25% од учениците на 15 и 16 години се коцкале за пари во последната година
