Холивудската легенда Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви, се води истрага

„Оскаровецот“ Јуџин – Џин Хекман почина вчера на 95-годишна возраст. Во изјава за тамошните медиуми, окружниот шериф на Градот Санта Фе, Ејдан Мендоза рече дека Хекман и неговата сопруга – пијанистката Бетси Аракава, биле пронајдени мртви вчера попладне, во нивниот дом во главниот град на американската сојузна држава Ново Мексико.
„Може да потврдиме дека и Џин Хекман и неговата сопруга беа пронајдени мртви во средата“, соопшти полицискиот оддел на Санта Фе.
Надлежните потврдија и дека постои активна истрага за двата смртни случаи. Причината за смртта сѐ уште не е позната.
Шерифот Мендоза изјави дека првично нема јасни знаци на насилство, објави „Гардијан“.
Хекман живееше во Санта Фе, Ново Мексико, САД од 1980-тите. Се ожени со Аракава (63) во 1991 година. Зад себе има 101 улога, два „Оскари“, две „БАФТА“ одличја, четири „Златни глобуси“ и една награда на американското Здружение на глумци (САГ).
Ново на Сител
-

Без струја делови од Карпош и Гази Баба
-

Променливо облачно со сончеви периоди, следува стабилно и потопло време
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
