Loading Video...
Спорт плус
3. September 2021 - 10:42

Холандија голем предизвик за Македонските одбојкари кои порачуваат - Дојдени сме да играме, не се откажуваме

Нашата најдобра машка одбојкарска репрезентација вечерва против Холандија ќе го игра вториот натпревар на своето второ учество на Европскиот шампионат. 
 
Поразот од Финска во првата рунда разбирливо донесе разочарување во нашиот табор, но вчерашниот ден за одмор, добро им дојде на нашите репрезентативци, пред се да ги средат мислите, а потоа и да ги анализираат своите грешки, како би можеле во натпреварите кои следат да одиграат на повисоко ниво. 
 
„Загубивме од Финска. Ни се случи истото од пред две години, изгоревме во желбата за победа. Јас сеуште тврдам дека сме подобри од нив, но тоа не се покажа на теренот. Имавме непреспиена ноќ,  а потоа анализиравме и се подготвуваме за следните четири натпревари. Историјата покажува дека дека секој селеден натпревар го играме подобро и подобро и се надевам дека и сега ќе биде така. Верувам дека ќе ја израдуваме македонската јавност, бидејќи борбата за осминафинале сеуште не е готова“, вели капитенот Никола Ѓорѓиев.
 
Со капитенот се согласува и Филип Деспотовски, кои вели дека предавање, нема ништо не е загубено, бидејќи следуваат уште четири натпревари.   
 
„Дојдени сме да играме, не се откажуваме. Ќе биде се подобро и подобро. Ќе се ослободиме од тој грч, како на првото европско. Мислам дека во следните натпревари ќе биде се подобро“, дополнува Деспотовски.
 
По поразот од  Финците, сега патот кон целта, пласман во следната фаза, сигурно е потежок, па затоа вечерва Македонија неизбежно ќе мора да биде совладана Холандија која вчера во дуелот против Шпанија славеше убедлива победа со 3:0 
 
Дуелот меѓу Македонија и Холандија започнува во терминот од 19 часот, а претходно од 17 часот ќе играат Турција и Шпанија.