Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан", останатите што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето

Генералниот директор на албанската државна полиција, Скендер Хита, изјави дека Граничната полиција „постапила согласно законот во случајот пријавен вчера на граничниот премин „Ќафасан", каде на едно лице не му било дозволено да влезе на албанска територија поради законски пречки".
На прес-конференција, на прашањето за случајот со двајцата пратеници и еден функционер на ВЛЕН на граничниот премин „Ќафасан“ објасни дека на граничниот премин се појавиле четворица граѓани, од кои тројца имале дипломатски пасоши.
-Три лица со дипломатски пасоши беа информирани дека можат да го продолжат своето патување. Другото лице, кое беше во нивно друштво, имаше законски пречки на границата и не можеше да патува во Албанија, рече тој.
Хита рече дека другите тројца граѓани одлучиле да не го продолжат своето патување и сите се вратиле во Македонија.
Според првиот човек на државната полиција, случајот не е изолиран, туку е дел од секојдневната работа на структурите на граничната полиција за гарантирање на спроведувањето на законот.
-Во текот на 2025 година, идентификувани се 625 слични случаи, додека само во првата половина од оваа година, регистрирани се 425 случаи, рече тој.
Хита нагласи дека Државната полиција и Граничната полиција остануваат гаранти на спроведувањето на законот и дека нема простор за загриженост во врска со извршувањето на нивните должности на граничните премини.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Утврден е сериозен недостаток на пожарникари во целата држава
-

Законите што ќе овозможат изградба на дата центри без дебата го поминаа првиот собраниски филтер
-

Алиу – Новиот клинички центар во близина на ГОБ 8-ми Септември најповолно решение
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
